Крекер е крцкав кекс, добиен од масно тесто, квасец, вода и додатоци. Множе да содржат до осум проценти масти, па имаат и големи енергетски вредности. За ароматизацијата на крекерите се користат различни материи: сирење, шампиљони, шунка…
Крекерот изворно означувал сув кекс од брашно, но денес најмногу се врзува со тенкиот кекс, кој е крцкав и лесно кршлив. Постои и во слатки и во солени варијанти, а често се употребува со намази.
Сигурно сте имале прилика да ги пробате, а можи имате и омилени. Сигурно сте забележале и дека сите имаат дупчиња, но дали сте се запрашале зошто?


