Владата денеска на седница донесе одлука за укинување на царинската стапка за електрични литиум јонски акумулатори, која ќе важи за сите компании кои работат и кои ќе работат во оваа дејност во Македонија.
Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски појасни дека од царинската давачка за овие акумулатори ќе бидат ослободени само производителите на машини и други производи што користат вакви батерии, но не и трговците со вакви производи.
Тој додаде дека постои потенцијален странски инвеститор кој како еден од условите за влез во Македонија го има посочено ова. Станува збор за полска компанија за призводство на електрични возила.
Извор: МИА
