Претставено новото продолжение на „Call of Duty“ (видео)

Сподели со своите пријатели

Продолжението на франшизата „Call of Duty“ под името „World War II“ е претставено на гејмерите ширум светот.За овој долгонајавуван наслов се говори дека е еден од потенцијално најдобрите серии на играта која трае од 2003 година.

Во оваа продолжение, дејствието се враќа во периодот на Втората светска војна. Приакзната ги следи акциите на Сојузниците, поточно американската прва пешадиска дивизија од 1944 до 1945 година во Европа.

Војните во играта се одвиваат во Франција и Белгија, како и на реката Рајна се до срцето на Германија. Од историските битки покриен е „Денот Д“, т.е. Истоварањето во Нормандија, ослободувањето на Париз и многу други.

Играчите во поголемиот дел од кампањата ќе се наоѓаат во улогта на редовите на Роналд „Ред“ Даниелс, припадник на 16 пешадиски полк на војската на САД:

Исто така, играчот неколку мисии ќе игра како припадник на француското Движење на отпорот и мајор Артур Краулиј од Одделението за специјални операции на војската на Велика Британија.

Ова е 14 наслов во франшизата „Call of Duty“ видео игри за чиј развој е заслужна компанијата „Sledgehammer Games“.

Loading...