Вчера околу 11.00 часот на место викано „Перево Трло“ во Агино Село, кумановско, пред викендица сопственост на Љ.С. (72) од Скопје, непознат сторител извршил разбојништво над Љ.С. и неговиот пријател Д.Т. (70) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Сторителот со закана со пиштол од Љ.С. одзел 330 денари и мобилен телефон, а од Д.Т. одзел 1.600 денари, мобилен телефон и прстен. После тоа ги заклучил во викендицата и побегнал со патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на зетот на Љ.С.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.