Во знак на протест поради одлуката на скопскиот кривичен суд за доживотен затвор за седумтемина членови на т.н. „кумановска група“, синоќа во косовските градови Гњилане и Пеќ јавно беа запалени знамиња на Република Македонија, јави српската државна телевизија РТС.
Знамињата биле запалени на протестите во двата града поради судските пресуди, на кои биле упатени повици до Албанците да ги бранат своите права борејќи се против направдата нанесена од „Славомакедонците”, наведува телевизијата.
РТС наведува дека во палењето на македонското знаме во Гњилане учествувале и членови на навивачката група „Јастреби“.
Loading...
(Кајгана)