Коралните гребени се комплексни морски екосистеми. Тие се заедница на живи суштества кои се состојат од растенија и животни, како црви, школки, сунѓери, ракови.
Коралните гребени имаат значајна улога како „одгледувалишта“ за потомците на рибит кои ги населуваат отворените мориња.
https://www.instagram.com/p/Ba24Sj9HYwQ/
Loading...
Коралниот остров настанува низ долготрајни промени на нивото на водата. Со оглед дека коралните гребени може да растат само до морската површина, со подоцнежните спуштања на нивото на водата или издигањето на дното настануваат едено или повеќе острови, обично во облик на атол.
Овие денови, научниците открија мистериозна дупка во Големиот корален гребен, а изненадени се со онаа што во неа го пронашле. Кога нурнале 20 метри во длабочината на дупката која била пронајдена на едно од најмалку истражените австралиски природни чуда пронашле изненадувачки, здрав корал.
https://www.instagram.com/p/BajLXVmHhCh/
Ова е вистинска реткост со оглед на тоа дека гребенот трпи силно избелување на коралите поради што се подложни на пропаѓање и угинуваат. Прегледот на повеќе од 500 корални кребени од Кернс во Австралија до Папуа Нова Гвинеја пред година и половина откри дека скоро без исклучок секој гребе покажан висок степен на избелување од дното до неговиот врв.