Македонија и Црна Гора ја прецизираат соработката за борба против трговијата со луѓе. За таа цел преговарачки тимови од владите на двете земји изготвуваат предлог – текст, по што ќе следи и потпишување протокол за соработка, соопшти МВР.
За ова денеска во Министерството разговараа државниот секретар и национален кординатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција Магдалена Несторовска и преговарачкиот тим на Владата на Црна Гора за соработка во борбата против трговијата со луѓе предводен од Зоран Улама, раководител на Националната канцеларија и Националниот координатор за борба против трговија со луѓе.
Предлог-текстот се однесува и на подобрување на условите за унапредување и размена на информации меѓу надлежните служби, како и спроведување заеднички проекти и кампањи.
Средбата е финансиски поддржана од ОБСЕ, како долгогодишен партнер на Националната комисија за борба против трговија со луѓе.
Извор: МИА

