Овие животни денеска се додаваат на листата загрозени видови

Сподели со своите пријатели

Експертите се собрани на Меѓународната конференција за заштита на животинскиот свет во Манила, каде одлучиле да го прошират списокот на загрозени видови животни кои треба да се заштитат и зачуваат.

Меѓу животните ои ќе бидат прогласени за агрознеи се шимпанзи, лавови, леопарди,медведи од пустината Гоби, касписки фоки и разни видови морску кучиња, одлучено е на 12. Конвенција за зачувување на миграциските видови диви животни.

 

 

 

Вкупно се проделожени 35 видови животни од целиот свет, а конечниот попис ќе биде усвоен во сабота.

Делегати од ранзи влади се согалсуваат дека треба да се зајакнат мерките за зачувување на тие миграциски видови, се наведува во соопштението на организаторот на конференцијата CMS COP12.

 

 

Бројот на тие цицачи забрзано се намалува поради уништувањето на нивните живеалишта, истакнуваат организаторите. пример, во дивините помеѓу Монголија и Кина има само околу 45 кафеави мечки во пустината Гоби.

Меѓународната фондација за доброто на животните IFAW ги позадравува најавите на светските влади посебно во поглед на животинскиот свет во Африка.

 

 

– Таа нова посветеност на светски влади за зајкнување на заштитата на дивите животни во Африка не можеше да пристигне во покритично време. Бројот на лавови, леопарди, жирафи и шимпанзи вртоглаво паѓа ширум континентот поради уништување и фрагментација на нивните живеалишта, криволовот и конфликтот со лушето, вели метју Колис, директор на IFAW.