Во рамките на петтото коло од домашниот шампионат, кошаркарите на Куманово утре со почеток во 18:30 часот на гостински терен ќе ги одмерат силите со составот на Струмица.
Иако пред само три дена, „сино-белите“ имаа тежок натпревар во БИБЛ лигата, каде претрпеа пораз од бугарскиот тим Академик Бултекс, се надеваат дека ќе соберат сили во македонскиот шампионат да извојуваат победа на утрешниот меч.
– Нашава екипа е уморна со играње на два фронта, балканска и македонска лига. Со оваа кратка ротација е многу тешко, но сепак ќе гледаме да се рехабилитираме и да дадеме максимум и на тој натпревар и да се потрудиме да го добиеме, изјави Игор Михајловски тренер на КК Куманово.
Куманово засега има одиграно три натпревари, од кои само еден со победа. Се наоѓа на седмата позиција во табелата, па победата ќе биде добредојдена да се придвижи кон повисока позиција.