Едно лице загина на магистралниот пат Куманово – Свети Николе
On:
Сподели со своите пријатели
Во сообраќајна несреќа утрово во 07.45 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, животот го загуби 55 годишен жител на Свети Николе.
Според информациите на полицијата М.К.(55) од Свети Николе, управувајќи патничко возило „Голф“ со штипски регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во дрво, при што починал на местото.
Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид на местото на настанот извршила полицијата од Полициската станица Свети Николе.