Средба на Заев со Ендру Бејкер од Американскиот Еврејски Комитет

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со рабинот Ендру Бејкер, директор за меѓународни еврејски работи во Американскиот Еврејски Комитет (АЈЦ).

Како што соопшти владината прес-служба, рабинот Бејкер ја поздрави посветеноста на новата Влада за грижа за сите заедници во Република Македонија, влучувајки ја и еврејската заедница во државава. Тој оценил  дека ваквите политики на премиерот Заев и на Владата се од големо значење за Евреите во регионот.

– Рабинот Бејкер изрази посебна благодарност за иницијативата на премиерот Заев за одржување Комеморација по повод 75-годишнината од депортацијата на Евреите, што се планира да се одржи следната 2018 година, на 11 март – Денот на депортацијата на Евреите од Македонија.

На средбата се разговарало за значењето на овој настан, за што рабинот Бејкер му најавил на премиерот Заев помош и поддршка во промоцијата на настанот.

– Еврејската заедница е значаен дел од традицијата, историјата, но преку новите генерации и значаен дел од сегашноста и иднината на Македонија. Ние како Влада се гордееме со активностите за заштита на сите етнички заедници кои живеат во Република Македонија. Граѓаните масовно го поддржаа концептот едно општество за сите, за што застанавме без задршка и во таа насока ќе продолжиме да ја градиме Република Македонија, рече премиерот Заев на средбата со рабинот Бејкер, директор за меѓународни еврејски работи во Американскиот Еврејски Комитет, стои во соопштението.

Извор: МИА