Вработените во „Фени Индустри” очекуваат исплата на плата од новиот сопственик

Сподели со своите пријатели

Вработените во „Фени индустри”  најавуваат за утре протест, доколку до крајот на денешниот ден не добијат какво било известување за моменталниот статус околу продажбата на компанијата и исплатата на септемвриската плата.

Како што стои во известувањето потпишано од претседателот на Синдикалната организација Ѓоре Палитов, Синдикатот денеска одржал итен состанок и донел таква одлука.

– Бидејќи во текот на денешниот ден се одржува состанок помеѓу инвеститорот од Република Бугарија „Енекод” и банките, се чека каков било одговор до крајот на денот. Доколку одговорот е негативен, протестот ќе започне утре од 13:30 часот, стои во известувањето.

Оваа одлука ја потврди и Пеце Ристевски, претседател на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство.

Извор: МИА