Бал фор Лајф со пораз ја отвори сезоната во втората лига

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Бал фор Лајф со пораз го стартуваа своето учество во Втората кошаркарска лига на Македонија, откако вчеравечер на домашен терен, во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ беа совладани од составот на Академија ФМП со резултат 63:76.

Лошата втора четвртина ги чинеше многу домашните кошаркари, од кои најдобар со 18 реализирани поени беше Филип Стојановски.

Следниот меч, кошаркарите на Бал фор Лајф повторно го играат на домашен терен кога го пречекуваат составот на МЗТ Скопје Аеродром.

фото: архива

Loading...