Италијаните годишно јадат по 23,5 килограми тестенини

Сподели со своите пријатели

Италијаните се најголемите потрошувачи на тестенините во светот, со годишна потрошувачка од 23,5 килограми по лице, соопштува главниот Синдикат на земјоделци во Италија по повод „Денот на тестенините“.

Светскиот ден на тестенините, е одбележан по 19 пат. Оваа година центарот бил Сао Паоло во Бразил, а темата „Еден оброк од тестенини да се нахрани планетата“.

Според Светската организација за тестенини од 1997 до 2016 година, проивзодството на тестенини пораснало за 57%, од 9,1 милиони тони на 14,3 милиони тони годишно.

Дознајте како се произведуваат тестенините (видео)

Со производство од 3,2 милиони тони тестенина, од Италија секој четврт оброк во светот е тестенина и тоа пред САД, Турција и Бразил.

Со потрошувачка од 23,5 килограми тестенини годишно од глава на жител, Италијаните и натаму се далеку пред државјаните на Тунис кои се на второто место со 16 килограми, Венецуеланците со 12 килогра, додека жителите на Салвадот се најмали потрошувачи и се задоволуваат со по еден килограм тестенини годишно, покажуваат податоците од Унијата на здруженија на произведувачи на тестенини во ЕУ.

Во Италија 20 проценти од семејствата и натаму прават тестенини само во домашни услови, што во последнит егодини ги потикнува на успех кулинарските емисии и специјализираните интернет сајтови, наведува Синдикатот.