СЕГА ГИ ИМА УШТЕ ПОМАЛКУ: Богаташ слупа „Пагани зонда“ од 1,7 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Исклучително редок суперавтомобил „Пагани зонда“ вреден 1,7 милиони евра, тешко е оштетен откако удрил во ограда на автопатот А27 во англиската покраина Западен Сасекс, пишува ВВС.

Возачот, не е повреден, но италијанската „друмска аждаја“ минала со големи оштетувања.

 

 

„Пагани зонда“ се произведувал од 1999 година до годинава, а од италијанската фабрика за сите овие години излегле само неколку стотина вакви автомобили.