КК Куманово во последна четвртина загуби од Карпош Соколи (галерија)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва на домашен терен забележаа пораз од составот на Карпош Соколи во рамките на третото коло од домашниот кошаркарски шампионат, со резултат 83:94.

 

Loading...

 

Кумановци прикажаа извонредна игра во првите три периоди од средбата, кога бележа константно водство, меѓутоа последните 10 минути донесоа голем пресврт. Главен проблем за тренерот Игор Михајловски како и на многуте натпревари сезонава е кратката ротација. Основната постава даде се од себе да одигра извонреден натпревар, но заморот го направи своето, а Карпош Соколи тоа знаеја да го искористат.

 

 

Првата четвртина и двата тима покажаа желба за нова победа, но сепак кумановци беа подобри кои првиот период го завршија со предност од седум поени, односно резултат 27:22. Слична предност со резултат 46:40, избраниците на Михајловски забележаа и на полувреме.

 

Loading...

 

Одлична игра кошаркарите на Куманово прикажаа и во третата четвртина, а со поените на Караџовски поведоа и со резултат 55:43 и во одлучувачката фаза влегоа со предност 71:62. Сепак последните 10 минути за кумановци беа слаби, пад на концентрацијата и заморот на клупата доведе до пресврт во резултатот, па Карпош Соколи ја однесоа победата со резултат 83:94.

 

 

Со 19 поени во составот на Куманово брилираше Немања Миљковиќ, а со поен помалку е и репрезентативецот Димитар Караџовски кој прикажа неверојатна борбеност на натпреварот. Во победничкиот тим со 22 најдобар беше Дарко Соколов, а со два поени помалку Делиќ.

 

 

По трите одиграни натпревари, КК Куманово е на петтата позиција со пет поени, исто колку и Гостивар и Работнички кои се на третата, односно четвртата позиција на табелата.

 

Loading...

 

Следниот натпревар кошаркарите на Михајловски го играат во среда кога во рамките на БИБЛ лигата го пречекуваат составот на Академик Бултекс од Бугарија, додека во домашниот шампионат следниот викенд гостуваат кај КК Струмица.

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

Loading...