Бајкалското езеро е најстарото во светот, но приживува една од најголемите кризи во својата 25 милиони години долга историја, поради загадувањето од фосфати, ширењето на алгите, претераниот риболов, но и климатските промени, предупредуваат експертите.
Воедно и најдлабокото езеро во светот со 1.700 метри длабочина, Бајлаксото езеро содржи дури 20% од слатката незамрзната вода на планетата и е вредно за проучување на еволуцијата, оценува УНЕСКО, кој оваа сибирско езеро во 1996 година го стави на списокот под своја заштита.
За биодивиризитетот збгорува податокот дека водата и брегот на Бајкалот се дом на над 3.600 растителни и животински видови кои скоро во 80% се ендемски, но се изложени на негативно влијание кое се зголемува.
Омул, типична бајкалска риба, загрозена е со алги кои се шира неконтролирано, а неколку видови на сунѓери веќе се исчезнати. Кон почетокот на октомври руската влада забрани комерцијален лов на омулот.
– Биолошката маса на омулот е преполовена во последните 15 години и спадна од 25 милиони тони на само десе, наведува Руската агенциј за риболов.
Антолиј Мамонтов, биолог од регионот, истакнува дека причините се претераниот лов и климатски промени.
Поради сушата се намалува длабочината на реката кој се влева во езерото, па површината на Бајкалот се затоплува, а омулот не сака топла вода, додава Мамонтов.
Loading...