Максим Димитриевски прослави победа на градскиот плоштад во Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

На градскиот плоштад во Куманово победа слави кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, Максим Димитриевски заедно со кандидатите за советници, сопратијци, симпатизери и граѓани. Пред прославата на градскиот плоштад, Димитриевски во изјава за медиумите посочи дека согласно пребројаните резултати во Општинскиот изборен штаб, води пред останатите кандидати.

– Првите информации кои што стасаа во штабот се дека СДСМ, со своите коалициски партнери и со граѓаните на општина Куманово, денеска се избори за една голема историска победа во општина Куманово. Ја добивме апсолутната поддршка од сите граѓани и заедно со граѓаните ги надминавме сите стереотипи. Буквално сите граѓани се одлучија за проектот и за концептот за живот во Куманово и во Македонија, рече Димитриевски.

Тој им се заблагодари на сограѓаните кои, како што рече, излегоа денеска на избори и најдостоинствено и на демократски начин ја дадоа својата поддршка за живот во Куманово.

– Воедно ми дадоа можност, чест и одговорност во следните четири години да го менаџирам нашиот град и ги увреувам дека она што беше дадено како ветување, она што беше ветено и презентирано во изборната програма ќе биде во целост реализирано во најбрз период. Тука пред се очекувам помош од Владата предводена од Зоран Заев и неговиот тим,  изјави Димитриевски.

Тој истакна дека не може да процени колку советници ќе има, но оти во општинскиот совет ќе имаат мнозинство.

https://www.facebook.com/kumanovskimuabeti1/videos/2017494428472794/

Извор: МИА / Видео: Кумановски Муабети