Ѓорѓиевски: Ме радува тоа што кумановци покажаа зрелост и свесност за тежината на овие избори (видео)

Сподели со своите пријатели

Ме радува тоа што кумановци покажаа една зрелост и свесност за тежината на овие избори, рече денеска кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски, кој во просториите на Школската амбуланта го оствари своето избирачко право.

Онака по кумановски, домаќински, одговорно, три генерации од семејството Ѓорѓиевски дојдоа да си ја исполнат својата граѓанска должност, да го дадат својот допринос во промената која треба да настапи во Куманово, ме радува тоа што кумановци покажаа една зрелост и свесност за тежината на овие избори, мирни избори, одговорни, се надевам дека целиот ден ќе помине така и на крај нека победи најдобриот. Недела е ден на одмор, меѓутоа се надевам дека кумановци ќе бидат свесни за тежината на овие избори и во што поголем број ќе дојдат на избирачките места. Очекувам дека до 19 часот ќе биде масовно, мирно и одговорно, онака како што доликува на сите кумановци, изјави Ѓорѓиевски.