Вчера во 17.10 часот, од Градската општа болница “8-ми Септември“ примено е известување дека кај нив починал Б.С.(19) од село Ропалце – Куманово, кој во 14.30 часот со приватно возило бил донесен со тешка повреда на главата, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Имено, околу 14.00 часот додека Б.С. бил на стадион во сeло Сарај – Скопје, се фатил со рацете за стативата од голот, истата се скршила, Б.С. паднал, а врз неговата глава паднала стативата.
Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.