Масивна дупка се отворила минатиот месец среде заледеното Веделско море кај Антарктик. Долгортајни површини на отворена вода на места на кои би се очекувал лед, како Арктик и Антарктик, познати се под имено полинија. Оваа дупка, меѓутоа е посебна, пишува „Бизнис инсајдер“.
Научниците се надеваат дека ќе дознаат повеќе за мистериозната дупка откако робот испливал случајно на нејзината површина.
https://youtu.be/jfXEw4QKOoU
Loading...
Никој не знае зошто се формирала, а лоцирана е подалеку од брегот. Покрај изложеност ана ладните зимски ветрови во изминатиот месец, оваа полинија опстанала. Која сила да го преидизвикала настанувањето на оваа дупка, доволно е силна да спречи нејзино повторно затворање.
Најчуваната тајна на Антарктикот: Како и зошто настануваат „крвави водопади“? (видео)
Исто така, ова не е прв пат да се отвори оваа полинија. Научниците забележале слична дупка во источното подрачје на Антарктик во 1974 година. Повторно се појавила во 1975 и 1976 година, кога исезнала и ја немало со децении. Во август 2016 повторно се јавува, иако значително помала од седумдесетите.
https://youtu.be/m2uYVPeZEbo
Сега е повторно тука, поголема е од минатата година. Според моменталните проценти, површината е околу 80.000 квадратни километри, што е три пати поголема од Македонија. Сепак, и натаму е далеку помала од седумдесетите, кога била колку Италија, 300.000 километри квадратни.
Лесно е да се претпсотави дека сегашната дупка е поврзана со климатските промени, но тоа можеби и не е случајот. Некои научници сметаат дека формирањето на веделските полинии е дел од цикличен процес, чии детали не се јасни. Меѓутоа, научниците се престрашени со најновата полинија, затоа што токму кога помислиле дека Арктикот се смирува, дупката повторно се појавува.
Хакер открил податоци за вонземјани, па САД бараат негова екстрадиција (видео)
Зошто се појавила во седумдесетите, па дури минатата година? Дали се појавувала и пред седумдесетите, па набљудуваме периодичен рпоцес кој се случува на секои 40 години? Ако имало претходни појавувања, тие не се забележани – вели Вили Викс, пензиониран геофизичар од Универзитетот Аљаска во Фербанск, пренесува „Бизнис инсајдер“.
Полиниите овозможуваат на топлината да избега од океаните, ладејќи го горниот слој на водата. Како водата се повеќе се лади и згуснува, таа тоне, дозволувајќи прилив на вода која се воздигнува и ја држи дупкат аотворена. Згуснатата вода која тоне дава свој придонес на ладната водена маса позната како антарктичка вода на дното, која влијае на циркулацијата на океаните ширум планетата.
Можно е овој феномен да е клучен дел од процесот кој го снабдува ладната водена маса.
https://youtu.be/yWTd0ft7uEk
Дел од причините зошто оваа дупка е толку мистериозна лежи во нејзината непристапност, истакнува „Бизнис инсајдер“. Зимските температури на воздухот таму се 20 степени под нулата и нема многу летови или експедиции на Антарктикот во зимските месеци.
Меѓутоа, научниците можеби имаат можност да дознаат што се случува благодарение на новиот извор на пдоатоци од групата која ја проучува климата во Јужниот океан.
Роботско пловило, наменето да испраќа податоци од Веделово море, на општо изненадување испливал на површина на полинијата минатиот месец.
Роботот испраќа податоци кои сега се обработуваат, а научниците се надеваат дека во нив ќе ги најдат одговорите за причините кои доведуваат до формирање на овие дупки.