Кошаркарите на Куманово вечерва со почеток во 17 часот по македонско време го игра првиот натпревар во рамките на Балканската лига, на гости кај КК Левски од Софија, Бугарија.
Избраниците на тренерот Михајловски вчера попладне го имаа и својот последен тренинг пред натпреварот и денеска подготвено ќе се борат за впишување прва победа сезонава во БИБЛ лигата.
Само за потсетување, „сино-белите“ минатата сезона во финалето загубија од бугарскиот Берое, со што го освоија второ место во лигата.