Руски оперативци трошат илјадници долари на рекламите на Google

Сподели со своите пријатели

Американската корпорација Google открива дека руски оперативци трошеле десетици илјади долари на рекламите на YouTube, Gmail и пребарувачите и другите платформи на интернет, наведува „Вашингтон пост“.

Рекламите најверојатно биле уплатени од ентитет кој е поврзан со Кремљ, а кој рекламите ги плаќа и на Facebook, што би можео да наговести ширење на руските напори во целта за дезинформирање на интернетот, наведува американскиот медиум.

Девет нови промени на Facebook кои најавуваат целосен пресврт во светот (видео)

Loading...

„Вашингтон пост“ наведува дека Google оценил мала веројатно дека се работи за ширење на некое руско влијание на платформите на корпорацијата, но сепак започнала истрага за тоа.

Портпаролот на Google соопштила дека компанијата внимателно ги истражува обидите за злоупореба на нејзините системи, при што соработуваат со истражувачи од други компании и помагаат во истрата за Русија, пренесува „Ројтерс“.

И Twitter и Facebook соопштија дека Русија купувала реклами и дека има профили на нивните платформи.

ВО меѓувреме американскиот Конгрес покренал повеќе истраги за мешањето на Русија во претсеателските избори во САД во 2016 година, додека и демократските и републиканските пратеници тврдат дека Русија намерава да сее раздор во САД, да шири пропаганда и да фрли сомнеж на изборната победа на претседателот Доналд Трамп.

ЧИСТА НА FACEBOOK: Изгаснати на 400 руски профили кои биле активни за време на американските избори

Се очвекуда дека претставниците на Google јавно ќе сведочат пред одборите за исвестување и Долниот дом и Сенатот на 1 ноември, заедно со претставници на двете најголеми социјални мрежи Facebook и Twitter за обидите Русија, нивните платофрми да ги користи за влијание на изборите, наведува британската агенција.