За Либерленд можеби сте слушнале, но ова се самопрогласените држави ширум светот

Сподели со своите пријатели

Кога ќе го обиколите целиот свет и не пронајдете земја од своите соништа, ви останува само уште една опција – да направите нова, по сопствениот вкус. Погледнете кои се тоа микронации, непризнаени, а слободни џуџести држави, изникнати ширум Земјината кугла.

Микронациите се мали самопрогласени ентитети кои себе се сметаат за независни суверени држави, иако не ги признаваат другите официјални држави или меѓународни политички организации. Обично и процедурата за добивање државјанство е прилично едноставна, доволно е да го пополните прашалникот на официјалниот сајт на државата и да бидете истомисленик на нејзиниот владетел. Па кој сака да се игра, нека повели.

Либерленд

Слободната Република Либерленд е микронација која истакнува претензии на поранешниот речен остров познат како Горен Сиг, која се наоѓа на западниот брег на Дунав, помеѓу Србија и Хрватска, чиј е предмет на спор. Микронацијата е прогласена од либералистичкиот политичар Вит Јадличек на 13 април 2015 година. Мотото на државата е „Живеј и пушти ги другите да живеат“.

Ладонија

Оваа микронација, која се наоѓа во природниот резерват на југот на Шведска, основана е во 1996 година од уметникот Ларс Вилкс по долгогодишен спор со локалните власти во врска со две скулптури.

Христијанија

Автономната заедница во близина на Копенхаген, главниот град на Данска. Позната е и како Слободен град на Христијанија, има 900 жители и се протега на 34 хектари.

Силенд

Кнежевството Силенд е микронација која полага право на вештачкиот остров Раф Тауер, воена платформа од Втората светска војна во Северното море, 10 километри од брего на Велика Британија, како и на територијата на водата во радиус од 12 наутични милји. Силенд го заземал Педи Рој Бејтс со семејството и соработниците, кој себе си се прогласил за Неговото кралско величество, принцот Рој од СИленд. Бројот на жители ретко е над пет, на платформата на површината од 550 квадратни метри.

Редонд

Ненаселениот остров во источниот дел на Карибите кој во 1865 година ирскиот трговец Метју Дауди Шијел го прогласил за виртуелна држава со нив на чело. Во 1880 година ја предал титулата на својот син. Она што е интересно е дека постојат уште некои алтернативни владетели со оваа кралство, еден од нив е шпанскиот писател Хавиер Маријас, кој историјата на оваа виртуелна држава ја забележал во својата книга објавена во 1998 година.

Конк

Републиката Конк во 1982 година ја основал некогашниот градоначалник Ки Вест Денис Вардлов на островот Ки Вест. Причината за прогалсување на независноста биле бројните жалби кон локалните власти за метеж во сообраќајот кои биле последица на инспекциите кои ги спроведувала американската гранична полиција.

Геј и лезбејско кралство на остров во Коралното море

Во 2004 година, група активисти за правата на ЛГБТ популацијата оваа територија ја прогласила за своја држава. Оваа микронација има 15.000 виртуелни жители. Претставници на сексуалните малцинства автоматски се квалифицирани да добијат државјанство.