Во Италија нудат куќи за едно евро, но постои еден важен услов (видео)
On:
Сподели со своите пријатели
Три италијански градови сакаат да спречат во блиска иднина да останат без жители. Поради тоа понудиле куќи за по едно евро, а некои дури нудат и бесплатно. Условот е само еден, купувачот мора да се обврзе дека подарената недвижност ќе ја обнови и тоа така што во неа ќе инвестира најмалку 25.000 евра.
Купувачите нема да добијат ренесансни дворци со улистрации од туристички реклами, туку згради кои треба да се спасат од целосен колапс или кои во најдобар случај не се погодни за живеење дури ниту за домашни миленици. А се уште се работи за фасцинантни традиционални градби на прекрасните медитерански локалитети. Луѓето од цела Европа веќе се јавиле на слични повици, а нивните искуства велат дека недвижностите кои ги добиле беспалтно, по обновувањето добиле три пати поголема вредност. Меѓу истакнатите градови кои колку толку се опоравуваат на овој начин се Ганги на Сицилија, Карега Лигуре во Пејемонт и Лече неи Марси во Адруц.
Ганги
Прекрасниот Ганги денес има само 7.500 жители и од пред две години се труди на овој начин да пронајде нови сопственици за 100 кучи. Преостанале доста, неколку десетици. Слични куќи може да се видат и во Далмација и Истра, околу 100 метри квадратни на две етажи, изградени од камен во 19 век, некои се и постари, а изворно во приземјето биле сместени домашни животни, додека на катот спиеле семејствата. Ганги според легендата е единственото место во Европа на кое некој некогаш тврдел дека му се укажал лично Светито дух. Местото кое изворно настанало како селба на старогрчки колонизатори, уште во почетокот на 20 век имало 20.000 жители. А тогаш започнал масовен егзодус во Јужна Америка, најмногу во Аргентина, каде денес многумина се сеќаваат на своите далечни корени од Сицилија.
Карега Лигуре
Карега Лигуре е совшерно место за оние кои најдобро се чувствуваат на свеж планински воздух. Денес практично на забот на времето, камените куќи некогаш биле домоби на земјоделци и пастири. Всушност не станува збор само за една населба, инаку основата во 11 век, а можеби и порано, туку за куќи расфрлани по пет долини во неколку планински општини со просечна надморска височина од 1.600 метри. Во Средниот век тука живото цутел. Тука бил богат трговски центар.
Лече неи Марси
Оваа место има навистина егзотично минато. На подарок се нудат поранешни домови од дамнешни пастори, рудари, дрвосечачи и разбојници на кои местото им било дом. И така се до 1915 година, кога овој крај бил погоден од силен потрес и со тоа бил означен почетокот на изумирањето ан местото. Местото денеска се наоѓа среде национален парк и сред 600 години стари букови шуми кои наскоро би требало да бидат ставени под заштита на УНЕСКО.