Просечни температури на воздухот и нерамномерно распоредени врнежи го карактеризираат септември. УХМР информира дека температурата на воздухот во септември беше во рамките на просечните до еден степен повисока од просечната во однос на повеќегодишниот референтен период 1981-2010 година.
Највисока средна месечна температура е регистрирана во Гевгелија од 21,7˚С, а најниска во Лазарополе 12,2˚С. Во Демир Капија се измерени 21,2˚С, во Штип 20,3˚С, во Струмица 19,8˚С, во Скопје 19,6˚С, во Битола 18,2˚С, во Прилеп 17,8˚С, во Охрид 16,7˚С, во Крива Паланка 16,2˚С, во Берово 14,7˚С и во Маврово 13,5˚С.
Во првата декада од месецот се регистрирани просечни темепратури за септември, во втората повисоки за три до четири степени, а во третата пониски до три степени.
Средните максимални вредности на температурата на воздухот се исто така повисоки од просечните за околу еден степен освен во Лазарополе, а средните минимални температури се со просечни вредности.
Највисоката температура на воздухот во Македонија во септември е измерена во Гевгелија на 18-ти септември од 37,0˚С, а апсолутно најниска во Лазарополе на 22-ри септември од 0,9˚С. Апсолутните многугодишни екстремни вредности на температурата на воздухот не се надминати.
Во септември 2017 регистрираните количества врнежи се просторно и временски нерамномерно распределени.
Најголемо количество на врнежи во месецот е измерено во Лазарополе и Маврово 70мм, а најмало во Демир Капија – само 6мм.
Во Крива Паланка се измерени 42 мм, во Гевгелија 41 мм, во Штип 35 мм, во Охрид 33 мм, во Берово 32 мм, во Прилеп 29 мм, во Струмица 25 мм и во Битола и Скопје 20 мм. Во Гевгелија, Штип и Струмица поголемиот дел од врнежите се случиле во првата декада, а во Берово, Битола, Крива Паланка, Лазарополе и Маврово во третата декада.
Од УХМР повочуваат дека споредено со многугодишните просечни вредности, измерените месечни суми на врнежи на сите мерни места се под просечните количества, а само во Штип, Маврово и Гевгелија тие се малку над просекот.
Најголемото дневно количество на врнежи е регистрирано во Гевгелија на 10-ти септември и изнесува 27мм.
Извор: МИА
Loading...