Тодоровски: Кумановци веруваат во нашиот нов концепт

Сподели со своите пријатели

Митингот на СДСМ е доказ дека кумановци го препознаа квалитетот на програмата која ја понудивме, рече денеска на прес конференција, портпаролот на општинската организација и кандидат за советник, Сашо Тодоровски. Воедно им се заблагодари на граѓаните на Куманово за масовната посетеност.

– Сакам од името на партијата и од свое лично име да изразам благодарност на граѓаните на Куманово кои со своето присуство покажаа дека веруваат во нашиот нов концепт на водење на политика. Митингот кој се случи вчера во Куманово на кој се обратија носителката на листа, Атина Мургашанска, кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски и премиерот Зоран Заев, дава јасен сигнал дека после 15 октомври во Куманово ќе почне да се работи на поинаков начин. Централната власт дава максимална поддршка на Куманово кое неправедно беше заборавено во изминатите 11 години. Секој граѓанин кој беше вчера со нас сака да го види Куманово поубаво, почисто и поурбано. Вчера на имаше од сите нации, сплотени под едно заедничко знаме, а тоа е знамето на Куманово и новата политика која ќе ја спроведуваме. Имаме реална, остварлива програма на која ќе се фокусираме во следниот четиригодишен мандат доколку ја добиеме поддршката, вели Тодоровски.