Градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски денеска организираше свечен прием за децата и претставниците од Здружението за грижи и воспитување на децата, во рамки на одбележувањето на Детската недела, која се одржува под мотото „ Сите сме еднакви“.

Тој истакна дека сите деца во општеството треба да ги уживаат истите права без оглед на етничката, верската или каква било припадност, и како што рече, тоа мора да биде императив на едно современо општество.

Тој изрази надеж дека наскоро Здружението за грижи и воспитување на деца ќе добие своја просторија за работа во Пионерскиот дом.

Во рамки на одбележувањето на Детската недела, во основото училиште „11-ти Октомври“, ќе се одржи и манифестацијата Детски лирски треперења.
Извор: МИА

