Променливо облачно со сончеви периоди

Сподели со своите пријатели

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а утрото свежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната 12 до 22 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно и посвежо со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Следува период на посончево и малку потопло преку денот, но со ниски утрински температури. Преодно наоблачување со услови за повремен дожд се очекува од средината на следната работна седмица.

Извор: МИА

Loading...