Двајца тинејџери од кумановско заработија кривични за насилство

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.З. (19) од село Лојане, општина Липково и против Ш.Р. (19) од село Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавените, на 07.09.2017 година околу 12.50 часот, во дворот на општинското основно училиште „Наим Фрашери“ во Куманово, по вербална расправија, физички ја нападнале А.А. (18) од Куманово, при што и нанеле видливи повреди во пределот на главата и ногата.