Се деблокира исплатата на обесштетувањата во земјоделството

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Македонија денеска го усвои Акцискиот план за постапување по предметите за настанатите штети од временските непогоди во 2016 година што почна согласно одредбите од Законот за заштита и спасување.

На овој начин, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), се деблокира процесот за исплата на обештетувањата на земјоделците кои во 2016 година претрпеа штети од пролетниот мраз, град и поплави.

Врз основа на одлуката на Владата, МЗШВ ќе формира комисија составена од негови и претстваници на Министерството за финансии, Бирото за судски вештачења и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Комисијата ќе биде задолжена за прегледување на елаборатите и барањата за штети, како и за утврдување на конечниот список на лица, висината на штетите што треба да се надоместат.

– Во следниот период членовите на комисијата ќе ги посетат општините кои минатата година пријавија штети од временските непогоди и заедно со општинските комисии ќе ги обезбедат податоците потребни за довршување на обесштетувањето на земјоделците. Ќе бидат посетени 14 општини, во кои штети врз земјоделските култури имаат пријавно околу 5.500 земјоделци, информира МЗШВ.

Исплатата на обесштетувањата ќе се врши согласно Законот за земјоделство и рурален развој.

Најмногу барања за обесштетувања има во Општина Ресен, повеќе од 2.300.

Извор: МИА

Loading...