„Индепендент“ во неодамнешната статија пишува за можноста од скора глобална катастрофа – масовно изумирање.
ВО наведаната математичка студија која набљаудувала последни пет масовни изумирања во последните 540 милиони години заклучува дека планетата Земја оди во насока на шестото такво изумирање и дека тоа ќе започне во 2100 година поради пореметување во природното опкружување со јаглерод.
Професорот Даниел Ротман, кодиректор на Центарот Лоренц од Универзитетот Масачусетс, институт за технологија, забележал дека четири од петте претходни големи изумирања се случиле кога наведеното пореметувања го преминало „прагот на катастрофални промени“.
Најлош таков настан се случил пред 248 милиони години, кога изумреле 96% од видовите. Ротман направил математичка формула со која би можело да се предвиди колку јаглерод може да се додаде во океаните пред да дојде до катаклизма од тој тип.
Одговорот бил алармантен. Таа бројка се движи од 310 до 500 гигатони. Ротман истакнува дека на претходните масовни изумирања не влијаеле нужно драматичните промени во циклусот на јаглерод, на пример, ги немало пред 360 милиони години во изумирањето во доцниот девон. На тоа можеле да влијаат и вулканските ерупции, климатските промени и други природни фактори. Ротман, меѓутоа, наведува дека сега би требало да се земе предвид согорувањето на големите количини јаглерод во форма на нафта, јаглен и гас.
Напоменува и дека критичната маса на морскиот циклус на јаглерод денеска е скоро иста како и масата на јаглерод која човечките активности веројатно ќе ја додадат во океаните до 2100 година.
Познат француски научник уште пред 200 години предвидувал големи промени во природата кои би можеле да доведат до масовни изумирања. Ако тие промени бидат пребрзи за еволуција на одреден вид, тој би можел да изумре.
Некои видови дрвја веќе се наоѓаат во проблеми, затоа што температурата е толку покачена што не можат целосно да се „селат“ на поголеми височини и постудено поднебје. Пример за тоа е и атлантската риба кили, која многу успешно и брзо еволуирала за да преживее загадување на источниот брег на САД.
Сепак, научниците предупредуваат дека поголемиот дел од видовите тоа најверојатно нема да можат да го сторат. Ротман вели дека за било каква еколошка катастрофа потребни се илјадници години, но и дека во 2100 година би можело да имапроблеми, година кога светот влегува во „непозната територија“.
Додава дека тоа не значи дека изумирањето ќе се случи токму таа година, туку дека циклусот на јаглерод тогаш би можел да влезе во нестабилно подрачје во кое би било тешко да се предвиди неговата иднина.