Кучиња скитници нападнале кумановец во Соколанскиот парк (фото)

Сподели со своите пријатели

Куче скитник завчера касна кумановец во паркот Соколана во Куманово. Како што раскажува кумановецот, кој поради вознемиреноста сакаше да остане анонимен, додека јадел храна бил нападнат од куче бездомник во паркот. Каснувањето било медицински третирано, но случајот не го пријавил никаде, бидејќи смета дека тоа нема да даде никаков ефект.

– Седев во паркот на клуб и јадев бурек, одеднаш неколку кучиња ми се стрчаа, лаејќи ме и едно од нив ме касна за ногата. Често сум во овој парк, близу живеам, тука има можеби над 20 кучиња скитници, не е безбедно ниту за децата ниту за возрасните – изјави кумановецот.

 

Loading...

 

Тој вели дека надлежните треба да го решат проблемот, за да истите не направат некому поголем проблем.

И останатите граѓани кои често се рекреираат во паркот го потенцираат овој проблем и бараат преземање итни мерки пред да се случи некоја трагедија.

– Многу често сум тука, кучиња има и тоа премногу. Кучиња скитници, невакцинирани, по телевизија велат дека ги вакцинираат, а тука има преку 100 невакцинирани кучиња, немаат ниту обетки, а кога ќе убијат некого или кога кучето ќе нападне некое дете кому да се жалиме – прашува друг кумановец.

 

 

Граѓаните на Куманово реагираат дека често се мета на напади на кучиња скитници како во централното градско подрачје, околу поранешен Гарнизон, Градскиот пазар, кејот, но и во приградските населби.

Од Секторот за инспекциски надзор при општина Куманово, посочија дека од денеска токму на оваа локација поточно во близина на техничкото училиште Наце Буѓони започнала акција за заловување на кучиња скитници. Истата е планирано да се спроведува зависно од капацитетите за третман во прифатилиште. Надлежните посочуваат дека вообичаено месечно имаат од 2 до 3 акции. Додаваат дека во соработка со ветеринарно сточарскиот центар Тодор Велков работат по пријави на граѓани.