Левица ја објави кандидатската листа за советници во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Жителите на општина Старо Нагоричане на претстојните локални избори ќе имаат можност да гласаат за советничката листа на Левица и да бираат промена, наместо замена, информираат од Левица презентирајќи ја својата листа за кандидати за советници.

Како што велат, на овие локални избори  Левица ќе се фокусира на наталожените проблеми со кои се соочуваат жителите на Старо Нагоричане како рурална и аграрна општина.

Носителот на кандидатската листа на Левица е Петар Диклиќ, потоа

  1. Столе Јовановски

  2. Зорица Јакимовска

  3. Моме Стојановски

  4. Благе Петрушевски

  5. Марина Колевска

  6. Дејан Тодоровски

  7. Катерина Лазаревиќ

  8. Олгица Цветковска

Главен акцент во програмата, како што се наведува во сопштението, ќе се стави на недоволно изградена патна инфраструктура; недостаток на стратегија за оспособување и изградба на нови системи за наводнување; зголемување на општинските ингеренции во поглед на управување со природните ресурси: шуми, вода и рудно богатство; создавање на темелна и реална анализа за планираниот рудник на Петрошница и неговиот социоекономски и еколошки ефект врз општината; подршка на ревизијата за доделување на концесиите за државно земјоделско земјиште со цел поправична распределба на истото; залагање и подршка за основање на земјоделски задруги, со цел зголемување на моќта на земјоделците и поорганизирано и поефикасно производство на земјоделските производи; подигање на нивото и квалитетот на основното образование со организирање на современо опремена кабинетска настава по предметите хемија, физика, математика и биологија; зголемување на партиципативноста на месните заедници во работата на советот и нивно инволвирање и контрола на работата на советот, со што воедно претставниците на месните заедници полесно ќе можеат да ги пренесат проблемите со кои се соочува нивната месна заедница; подршка за создавање на локален медиум, кој ќе има образовна, културна и земјоделска програма; борба против воспоставениот непотизмот и корупцијата и зголемување на транспарентноста во работењето со народните пари.