ПОЛИТИЧАР ПРИЗНАВА: Имам 120 жени и 28 деца и сите знаат едни за други (видео)

Сподели со своите пријатели

Полигамијата е илегална на Тајланд, но тоа не го спречило современиот казанова Тамбон Прасерт (58) шеф на локалната самоуправа да има 120 жени со кои бил во „брак“ и дури 28 деца.

Она што е уште понеобично е што сите жени меѓусебно знаеле една за друга.

За овој скандал новинарите биле известени од анонимни извори по што Прасерт решил да ја признае вината.

– „Точно е дека имам 120 жени и 28 синови и ќерки“, рекол политичарот кој воедно успешно раководи и со фирма за градежништво.

Меѓутоа, до овие бројки не се доаѓа преку ноќ/ Биле потребни децении работа.

– Прв пат се женев на 17 години. Првата сопруга беше година или две помлада од мене и имавме три деца. Потоа следуваа низа други. Поголемиот дел од жени беа помлади, нитуе една над 20 години. Не ми се допаѓаат постарите затоа што многу се караат – рекол тој.

Работејќи градежништво стекнал навика каде и да гради куќа, таму и да се ожени со нова жена, но без оглед на сетоа тоа вели дека сите ги сака, а и тие него.

Казановата од Тајланд исто така е голем џентлмен па така секоја нова жена ја известува за претходните жени пред бракот. Исто така не криел дека наскоро повторно ќе се жени.

Како што изјавил ов политичар, тој во секој случај ги прашувал родителите за дозвола да се венча според тајландските обичаи и традиции, па така церемоните правило биле одржувани.

Само 22 супруги живеат близу неговиот дом, останатите биле расфрлани низ целата земја. Полигамистот вели дека ниту една од нив немала проблеми со неговиот начин на живот. Се грижи за огромно семејство и никогаш немало проблеми, па на некои од сопругите им изградил нови уќи или им дал земја покрај тоа што ги издржувал.

На конференцијата за новинари поддршка му прижила најновата жена Нам Фон која има 27 години.

Се уште не е познато какви ќе бидат последиците за неверојатното достигнување, кои ќе ги сноси Тамбон Прасерт.

https://youtu.be/aiT3xXcmfJc

Loading...