Шведскиот милијардер Ласло Зомбатфалви, основач на „The Global Challenges Foundation“ планира да исплати пет милиони долари на оној кој ќе успее да ја реши моментално најзаплетканата ситуација во однос на светските случувања.
Како што напишал Ласло на сајтот на својата фондација, светот има птореба од нова идеја и филозофија на уредување на државите, која ќе ја извлече целата планета од проблемите на кои не им се гледа крајот, а за решавањето можеби е и прекасно.
The Global Challenges Prize 2017 ќе биде доделена на оној поединец, група, универзитет, компанија или здружение кое може да работи било каде во светот, а кој/а ќе предложи најдобро алтернативно решавање за моделот на државно уредување, било тој предлог да биде нешто како поправен испит за веќе постоечките и познати или како целосно нова реформа за сите досегашни познати државни уредувања.
Новиот модел би морал да биде јасен и јасно да ги дефинира проблемите и да укажува во која сфера на уредувањето би можеле да се направат измени и кои, а некои на кои веќе самата фондација укажувала – климатски промени, пренаселеност и зголемување на бројот на жители во одредени делови од светот, проблем со сиромаштијата и слично.
Крајниот рок за пријавување на предлози е 30 септември, по што списокот со најдобри идеи ќе се појави на сајтот на фондацијата, а прелдозите ќе бидат вклучени во понатамошната имплементација со задолжителна парична надокната за најдобрата идеја.
Loading...