Младоженец од Англија и неговите 29 пријатели останале непријатно изненадени кога открила дека невестата избегала со 14.000 евра наменети за свадбената веселба и ги оставила на цедило на аеродромот.
Крис Махоне (27) требало да се венча со 29-годишната Рејчел Доран, па со друштвото се собрал на аеродром пред летот за Ибица, каде во еден хотел требало да се одржи четиридневна веселба, пишува „The Sun“.
Но, набргу било откриено дека невесетата, која на себе ја презела грижата околу организацијата, не резервирала билети за авион, ниту сместување за гостите на Ибица, иако сите и дале пари.
„Побегнатата невеста“ тоа го направила поради одмазда, затоа што погрешно мислела дека Крис ја изневерува. Во својата освета заминала предалеку па на гостите им испечатила лажни авионски билети со логото на локалната туристичка компанија.
Новинарите на „The Sun на Крис и неговата екипа им понудиле да им платат лет на Ибица, а дали несудениот младоженец ќе го прифати подарокот, засега не е познато.
Loading...