Кумановската болница доби ново санитетско возило (фото)

Сподели со своите пријатели

Ново санитетско возило денеска доби кумановската Општа болница како донација од Меѓународната организација „Џајка“ од Јапонија.

Како што потенцираше директорката на болницата, Снежана Захариева наскоро возилото се очекува да се стави во функција, откако ќе бидат завршени сите технички работи околу регистрацијата.

„Станува збор за возило кое е по сите светски стандарди со фул опрема потребна за реанимација за пружање на секаква медицинска помош во тек на транспортот, а со оглед дека ние сме голема болница којашто згрижува над 200.000 луѓе од целиот свероисточен регион нам ни е е потребно уште некое вакво возило, но благодарни сме што тоа го стори токму оваа организација „Џајка“ – изјави Захариева.

Захариева потенцираше дека станува збор за долгогодишна соработка со оглед дека организацијата и претходно донирала апаратура за болницата во Куманово.

„Апаратот за анестезија кој го добивме од нив е во полна употреба веќе имаме 217 операции на тој апарат, значи се покажа како исклучително добар и еве повеќе апел до сите оние добронамерници кои имаат можност да ни помогнат со оглед на финансиската кондиција на нашата болница и Министерството за здравство ги повикувам се ќе ни биде добредојдено“ – додаде Захариева.

Loading...

Организацијата одлучила со оглед  дека Куманово беше погодено од мигрантската криза да ја реализира оваа донација која се надеваат дека е од голема помош.

„Имавме истражување за мигрантската криза која настана во регионот и увидовме дека овој регион беше доста погоден, низ Куманово поминаа доста мигранти и сметаме дека треба да се поддржи всушност земјата во напорите да се справи со мигрантската криза. Болницата покрива голем регион и видовме и денеска дека има многу пациенти и се надеваме дека ќе биде од корист оваа болница во иднина“ – изјави Такахси Хибино од организацијата „Џајка“.

Јапонската агенција за меѓународна соработка нема свое седуште во Куманово, меѓутоа со оглед дека вчера беше отворена Амбасада на Јапонија во Скопје, од организацијата се надеваат дека соработката која влече корени од минатото ќе продолжи и понатаму со цел да и се помогне на кумановската болница да пружи што подобри здравствени услуги на граѓаните.