Недостатокот на витамин D, а не прекумерната тежина, е најверојатната причина за развој на дијабетес. Ова покажува истражувањето на шпански медицински тим, цитиран од сајтот на британскиот “Дејли експрес”.
Според експертите за превенција од опасниот втор вид дијабетес се важни најмногу почитувањето на здрава исхрана и движењето на отворено. Студијата би можело да доведе до третман што ќе може да го забави развојот на болеста. Според научниците постои врска помеѓу нивото на витамин D и способноста на организмот да се справи со гликозата.
“Нашите откритија покажаа дека витаминот D се врзува многу повеќе со метаболизмот на гликозата, наместо со прекумерната тежина”, вели д-р Мануел Масиас-Гонзалес од Универзитетот во Малага. Според него дефицитот на витамини може да доведе освен до дијабетес, така и до други болести поврзани со метаболизмот.
Витамин D помага за контрола на калциумот во телото и одржување на мускулите и коските здрави, го регулира имунолошкиот систем и може да помогне во спречувањето на болести како егзема и астма. Тој се произведува најмногу при изложување на сончева светлина, но мали количини од него има и во рибинотомасло и јајца.