Компирот може да биде причина за дијабетес

Сподели со своите пријатели

Медицински истражувања покажуваат дека компирот може да биде причина за дијабетес тип 2, објави “Дејли мејл”.

Конзумирањето на седум или повеќе јадења со компир неделно, го зголемува ризикот од болеста со 33%, во споредба со само едно вакво јадење за истиот период, покажува најновото истражување.

Дури од две до четири порции го зголемуваат ризикот со 8%. Очекувано помфритот е најпроблематичен, во споредба со печени, варени или пире од компири. Замената на три од неделните порции компири со цели зрна го намалува ризикот од дијабетес за 12%. Автор на студијата е д-р Исао Мураки од Центарот за превенција на ракот и кардиоваскуларните заболувања во Осака.

Според него иако во многу земји компирите се сметаат за зеленчук, тие не смеат да бидат компоненти во здравата исхрана. “Компирите содржат голема количина на скроб и малку влакна, витамини, минерали и полифеноли. Нискоквалитетните јаглехидрати го зголемуваат ризикот од дијабетес тип 2 “, вели д-р Мураки.

Тој објасни дека кога компирот се служи топол, се вари полесно и го зголемува нивото на гликоза во крвта побрзо. Истражувањето е резултат од работата и податоците на над 100 000 лица-медицински персонал во САД. Испитуваните пациенти немале дијабетес, кардиоваскуларни болести или рак при почетокот на тестовите. Екипата ги запишувала прехранбените навики, и конечно воспоставила врска помеѓу компирите и развивањето на дијабетес.

Врз резултатите не влијаат на начинот на живот, исхраната и мастите на телото. “Јадењето на здрава храна како зеленчук, овошје, интегрални производи и јатки наместо компири го намалува ризикот од дијабетес”, изјави Мураки.