Се поставуваат семафорите кај Спортската сала (фото)

Сподели со своите пријатели

Крстосницата кај Спортската сала во Куманово деновиве ќе добие вертикална сигнализација, односно семафори кои се очекува да ја зголемат безбедноста во сообраќајот на булеварот „Октомвриска револуција“.

 

Loading...

 

Тендерската постапка беше завршена пред повеќе од половина година и требаше да бидат поставени кон крајот на 2016та, но поради проблеми во работењето на фирмата која го добила тендерот нивното поставување беше одложувано.

 

 

Станува збор за дел од булеварот кој е познат по ноќните трки особено во летниот период, па семафорите се очекува да стават крај на ваквото беснеење во градот.

 

Loading...

 

Тендерот е вреден 3,9 милиони денари, а поставувањето го врши компанијата „Електрософт“.