Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималните температури ќе се движат од 7 до 15 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интерванл од 29 до 35 степени целзиусови.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб ветер од западен правец, а максималната темература ќе достигне 33 степени целзиусови.
До сабота ќе се задржи претежно сончево и топло време, а на места максималната температура ќе биде над просекот за овој период oд годината.
Во недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, што ќе услови променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и повремено засилен југозападен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните часови и во источните делови од земјава. Локално процесите ќе бидат поинтензивни.
Од понеделник следува посвежо и ветровито време.