Хакирани над 700 милиони мејлови, проверете дали е и вашата!

Сподели со своите пријатели

Расипан спамбот програм задолжен за испраќање спам пораки овозможило стотина илјади мејл адреси и шифри кои досеаа на интернет и со тоа потенцијално се загрозени што би можело да се случи и на различни профили со кои шифрите се поврзани.

И покрај фактот дека се хакирани над 711 милиони мејл адреси што отприлика е на секој жител на Европа по еден и не е сосема сигурно дали тие адреси припаѓаат на правни лица.

Точниот број на мејлови и шифри најверојатно е многу помал, затоа што спамбот програмите своите пораки ги испраќаат и на голем број лажни и повторени адреси, вели експертот за интернет безбедност Трој Хант, кој и ја објавил оваа вест.

Сите обелоденети адреси соберени се од страна на луѓе кои управуваат со спамбот програмата која испраќа мејлови на маса луѓе и очекува со кликнување на нивната содржина да им донесат заработка.

Тие адресите и шифрите ги складираат на мејл сервер кој не бил доволно безбеден што би значело дека луѓето би можеле да влезат на серверот и едноставно да ги рпеземат.

Хант кој го води сајтот „I Been Pwned“ и вели дека адресите и лозинките изгледаат како да се преемени и од други локации што би значело дека некои луѓе веќе биле изложени на безбедносни проблеми.

Нивната разноликост илустрира колку податоците се широко распространети, па не може да се дојде до информација од каде вашата мејл адреса е преземена ниту можете да направите нешто во однос на тоа прашање, вели тој.

Сите адреси и лозинки можете да ги најдете и проверите во базата податоци на сајтот „I Been Pwned“.