Витаминот Ц, или уште попознат како аскорбинска киселина, е веројатно еден од најпознатите витамини. Најчесто, веднаш асоцира на цитрусните овошја и е познат по тоа што го зајакнува имунитетот, го заштитува организмот од инфекции, настинки и грипови во зимските денови.
Многумина не знаат дека всушност витаминот Ц е антиоксиданс кој има многу голема функција во нашиот организам. Тој ги одржува непцата и забите здрави, помага во апсорбацијата на минерали во организмот и во заздравувањето на раните. Исто така е витамин кој ја разградува водата во организмот.