Група австралиски и германски научници тврди дека открила како првите сложени форми на живот се појавиле на Земјата. Научниците сметаат дека услови за настанување на сложениоет живот се појавиле кога џиновски глечери претвориле цело планински масиви во прашина, пренесува „Индепендент“.
Пред околу 700 милиони години, ледот прекривал скоро цела површина од планетата Земја, а кршењето на планините ослободило нитрати како што се фосфатите, кои подоцна овозможиле формирање на живот.
Тоа се случило во периодот на екстремното глобално затоплување, кога ледот се истопил и ги пренел нитритите во реките и океаните. Така биле создадени услови за настанување на алгите – предците на сите сложени суштества.
Молекулите кои ги најговме во праисториските организми укажуваат на тоа дека пред околу 650 милиони години дошло до многу интересен настан. Станува збор за револуција на екосистемите и појава на алгите – вели др. Џохен Брокс од Националниот универзитет во Австралија.
Сложените животински форми со време ги потиснале до тогаш доминантните бактерии.
Остатотицте од праисториските организми биле пронајдени во седиментните карпи во централниот дел на Австралија, а истражувачите сметаат дека ја населувале Земјата во време на топењето на глечерите.
Истражувањто е објавено во магазинот „Nature“.
Loading...