Иако според првичните информации од вчеравечер Министерството за надворешни работи истакна дека нема македонски државјани повредени во терористичкиот напад кој се случи во Барселона, во текот на ноќта властите дошле до Македонец кој е во болница.
Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, македонската амбасадата во Шпанија дојде до информација дека еден македонски државјанин во моментот се наоѓа во болница во Барселона. Лицето во моментот на извршување на нападот се наоѓало во непосредна близина и се здобило со скршеница на зглобот на ногата. Лицето се наоѓа вон животна опасност и е третиран од страна на шпанските медицински служби. Претставник од македонската амбасада во текот на ноќта се упати кон болницата каде што се наоѓа повредениот македонски државјанин – велат од МНР.
Инаку во вчерашниот крвав терористички напад загинаа најмалку 13, а повредени се над 80 лица. Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава.


