Немања Миљковиќ нов играч на КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Крилниот центар Немања Миљковиќ е новото засилување на Кошаркарскиот клуб Куманово во пресрет на новата сезона.

Срспкиот интернационалец потпиша договор во времетраење од една сезона, а станува збор за кошаркар висок 214 сантимети, кој игра на позицијата крилен центар, во која претходно Куманово ги постави Марјан Јанески и Александар Штерјов.

Миљковиќ е роден во 1990 година. Има богато интернационално искуство, а во својата кариера има настапувано за клубови од Австрија, Естонија, Грција, Полска, Словенија и Катар.

Според засега непотврдени информации Словенецот Абрамовиќ, за кого претходно соопштија дека се придружува во клубот, не го потпишал договорот, со што управата е во потрага по уште еден кошаркар за ростерот на тренерот Игор Михајловски.

 

Loading...