„Codex Gigas“, односно „Гигантски кодекс“, познат и како „Библијата на ѓаволот“ е најголемиот, најубавиот и веројатно најчудниот ракопис, не само во Европа, туку и во светот. Меѓутоа, она што е уште поневеројатно во целата приказна околу книгата е што таа не покажува знаци на стареење.
„Библијата на ѓаволот“ е толку голема и обемна книга што се тврди дека се потребни 160 животински кожи за да истата биде напишана и дека се потребни двајца луѓе за да воопшто може да се подигне. Долга е околу еден метар.
Настанала од пактот со ѓаволот
Легендата вели дека овој средновековен ракопис настанол од пактот со ѓаволот, јазикот во него е латински и напишан во почетокот на 13 век и иако не се знае нејзиното географско потекло, сепак се верува дека е во прашање сега уништен чешки бенедиктински манастир во Подлажец.
Приказната вели дека го изградил еден монарх, а тоа го потврдиле и современите испитувања. Приказната исто така вели дека е во прашање монарх кој е осуден на смрт така што е соѕидан жив, како и дека книгата ја напишал за само една ноќ, со помош на ѓаволот. Современите испитувања меѓутоа покажале дека на неа работел во период од три децении, веројатно од покајание поради некое реален или замислен грев.
„Национална географија“ тврди дека би биле потреби пет години доколку една личност работи непрекидно, дење и ноќе за да се креира рачно „Codex Gigas“, не сметајќи ги илустрациите. Ако во сето тоа се пресметаат и илустрациите и конечно дневните обврски кои сите монаси во манастирот ги имаат, се доаѓа до гореспоменатата цифра од три децении. Покрај тоа, делото покажува знаци за неверојатно униформност од почетокот до крајот, поради што веројатно и настанала легендата за тоа дека е завршена за една ноќ.

Носела пропаст и болест
Легендата исто така вели дека „Библијата на ѓаволот“ носела пропаст и болест на сите оние кои ја поседувале во текот на историјата, но Националната библиотека во Стокхолм во која се наоѓа откако Швеѓаните ја украле од Прага за време на седумгодишната војна, изгледа дека е имуна на оваа клетва.
Книгата е преполна со илустрации од ѓаволот
Во ракописот се наоѓаат и многу други помали текстови кои се бават со истерување на ѓаволот, магични формули, слика од Небесниот град и илустрација од Сотоната преку целата страница, која воедно е и причината поради што целото дело во минатото било гледано како ѓаволска работа.


