Арманда Меклафлин постојано е сексуално возбудена. Се чувствува како во секој момент да е пред оргазам и тоа чувство никогаш не минува.
Не е забавно. Дали вие би сакале 24 часа на денот да ви биде „тврд“? Се сомневам. Тоа едноставно не престанува – рекла во документарниот филм емитуван на телевизискиот програм ВВС 3.
На оваа 23-годишна девојка во 2013 година и било дијагностифицирано пореметување наречено постојана сексуална возбуденост. Се работи за ретко пореметување кое на линоста која од него боледува и нанесува многу болка и непријатност, пишува „Индепендент“.
Меклафин открива дека на 13 или 14 годии открила дека нешто не е во ред, но дека ниту таа ниту нејзината мајка не знаече што точно се случува. За време на средношколскиот период, според споственото признание, Аманда мастурбирала повеќе отколку што еден нормален тинејџер го правел тоа дневно.
Нејзиното семејство мислело дека нивната ќерка е зависничка од секс, а нејзината мајка чувствувала вина поради тоа што ја прогласила за хипохондрик.
Меклафин сега тврди дека во животот би и било сосема добро кога повеќе никогаш не би доживеала ниту еден единствен оргазам. Девојката денес не излегува многу од дома и некои денови и се подобри од другите.
Семејството на Аманда почувствувало големо олеснување кога дознале дека боледува од пореметување на постојана сексуална возбуденост затоа што тоа значило дека сомнежите околу нејзиното здравје се отклонети.
Loading...