Работниот ден не треба да започнува пред 10 часот!

Сподели со своите пријатели

Работното време не треба да почнува пред 10 часот, бидејќи е контрапродуктивно и вработените го започнуваат денот уморни, објасни научникот Пол Кели од Универзитетот во Оксфорд.

Според него биолошкиот ритам на луѓето пред 55-годишна возраст е синхронизиран со работното време од 9 до 17 часот, што одговара на човечката ефикасност, расположение и ментално здравје. Тој е уверен дека работниот ден треба да се помести за уште еден час за да се прилагоди на биолошкиот часовник на повеќето луѓе.

Неговите тврдења важат и за наставниот ден и се потврдуваат од редица експерименти, според кои просечниот 10-годишен ученик не може да се фокусира пред 8.30 часот, а 16-годишниот – пред 10 часот. На учениците пак им е потребен уште еден дополнителен час, за да бидат ефективни. Кели смета дека промената на наставниот распоред ќе ги зголеми оценките на учениците со 10%, а на студентите со 19 отсто. Професорот тврди дека компаниите кои ги тераат своите вработени, да почнат со работа порано од 10 часот, штетат на нивната продуктивност и придонесуваат за појавата на здравствени проблеми.